Радио Милева
разубавување со самопослужување

Димитар Атанасовски на чуден третман: Два пара раце и две лавабоа за една глава! (ФОТО)

Димитар Атанасовски на чуден третман: Два пара раце и две лавабоа за една глава! (ФОТО)

Не е ништо ново да одите на фризер, каде после шишање, бојосување на косата или било кој друг вид на услуга ќе ви ја измијат косата. Некои одат дури и специјално само за миење глава. Како водителот Димитар Атанасовски, на пример.

Арно ама, или тој не ги разбра добро фризерките дека тој ден им е гужва, или реши сам да проба како изгледа да си на нивно место, па онака „апансас“ влета во фризерскиот салон каде што редовно го разубавуваат!

И ни пет-ни шест,  ете ти го Диме нацртан, подготвен за третман на глава! Ама џабе глава за миење, кога главата не размислила претходно дека не е баш се’ така лесно како што изгледа. Зашто едно е кога ти прават, а друго е кога ти сам треба да го правиш… а не си дома! Во салонот гужва, па вработените не можат да постигнат даим посветат време за сите!

На Димитар му се брзаше, па водителот тргна сам со разубавување по принципот на „самопослужување“! Ако со зборување стекна слава, не значи дека умее сам да ја „одржува“ таа глава. До душа проба, ама некако – тенко… Персоналот виде – невиде, па откако сфатија дека муштеријата тешко сам се снаоѓа,  за водителот да не им ја поплави фризерницата, пратија стручно лице да ја заврши работата.

И додека вработената го шампонира, водителот лице мие, уши трие, тушот го бара за да направи гаргара…

Чисто за да го исплакне грлото зашто нему му е главен инструмент за работа. А, главата?

Четири пара раце и две лавабоа за една глава, едвај беа доволни! Што ли ќе биде следниот пат кога водителот ќе дојде да прави фризура?

Веројатно ќе треба да се собере целата гарнитура… Фризерски конзилиум за „фризура – делириум!“

 

Останати вести од Радио Милева