Промотер

Дијана Оу-Џи на три јазици ќе ве „провози“ низ жежок перформанс во нејзиниот – „Onlyfans“ (ВИДЕО)

Дијана Оу-Џи на три јазици ќе ве „провози“ низ жежок перформанс во нејзиниот – „Onlyfans“ (ВИДЕО)

Македонската (т)рап  уметница Дијана Оу-Џи (Dijana OG) отвори уште една, нова, „Онлифанс“ страница… Овој пат музичка, содржана во нејзината нова песна копја токму го носи истиот наслов:  „Onlyfans“!  Музиката и стиховите во темата, самата ги потпишува, додека инструменталот е на ArtimoX, а зад аранжманот миксот и мастерингот стои Sharo.

 

Она што е фасцинантно во музичката „Onlyfans“ се стиховите. И овој пат совршено склопени, па во целата приказна одлично вклопени, со што ДијанаОу-Џи одново покажа дека тоа знае мајсторски да го направи. Но фасцинацијата не е само во стиховниот калибар и римата, туку во тоа што истите во песната се напишани и отпеани дури на три различни балкански јазици:  Македонски, српски и бугарски!

 

 

И тоа во иста тема, а сепак не се косат, ниту меѓу себе се поништуваат – напротив… совршено соодветствуваат и едни во други се вклопуваат! Вистинско мало музичко и пред се’ стиховно ремек-дело, што до сега ретко кому, а веројатно и никому не му успеало! Не барем така успешно, речиси без мана, како на Дијана!

Во видеото чија режија ја потпишува Даниел Стоиљковиќ, како и обично има  доволно еротски набој, иако рака на срце, далеку е од тоа да содржи поексплицитни сцени. Само онолку, колку што е потребно вашата фантазија да ја „заскокотка“, страста разбранува, а копнежот претвори во желба… Сосема доволно да ви се допадне што е… „лоша“!

Како звучи и изгледа кога Дијана Оу-Џи (Dijana OG)  гратис ќе ви дозволи  да бидете нејзин(и) „Onlyfan(s)“ ѕирнете во нејзиното ново видеоиздание, и оставете таа „да ве вози“…  во продолжение: