Радио Милева
договор

Џастин Бибер ги продаде неговите авторски права за 200 милиони долари (фото)

Џастин Бибер ги продаде неговите авторски права за 200 милиони долари (фото)

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ги продаде правата на своите песни на „Hipgnosis Songs Capital“ за 200 милиони долари, јавува Би-би-си.

Џастин Бибер го заокружил договорот за продажба на авторските права на своите дела на британската компанија „Hipgnosis Songs Capital“, која е заедничко вложување меѓу компанијата „Hipgnosis Song Management“ и инвестицискиот фонд „Blackstone“, објави во вторникот магазинот „Billboard“.

Според изворите на списанието, износот на договорот изнесувала околу 200 милиони американски долари, што го прави најголема продажба на правата за кој и да е уметник од генерацијата на Бибер. Тоа е, исто така, најголемата аквизиција на „Hipgnosis Songs Capital“,

Според одредбите од договорот, музичарот пренесува 100 отсто од авторските права на сите свои 290  композиции и наслови од каталогот на Бибер објавени пред 31-ви декември 2021 година, вклучително и неговиот последен албум со наслов „Justice“.

Џастин Бибер досега во периодот од 2010 до 2021 година објави шест студиски албуми, и неколку десетици сингл изданија кои дојдоа на светските топ-листи. Покрај тоа, во 2010 година пејачот издаде автобиографска книга „Првиот чекор до вечноста: мојата приказна“.

Фото:  Принтскрин/Инстаграм/Џастин Бибер/Гуливер

Останати вести од Радио Милева