Живот и Стил

Дезен кој ќе го одбележи ова лето: Лесно се комбинира и одлично им прилега на сите жени

Дезен кој ќе го одбележи ова лето: Лесно се комбинира и одлично им прилега на сите жени

Женствен и елегантен, така би го опишале овој дезен. Тој лесно се комбинира, голем дел од жените го обожуваат, а оваа сезона повторно станува тренд број 1.

Станува збор за точкестиот дезен. Тој секој ден e сè попопуларен, а во текот на ова лето ќе го гледаме на секој чекор. Ќе доминира на сите парчиња – од фармерки преку маици до долги фустани. Точкестиот дезен ја има таа моќ да го направи интересен секој стајлинг, а лесно се вклопува во речиси сите стилови и не е исклучиво резервиран само за романтичните комбинации.

Црно-белата комбинација е класика која никогаш нема да излезе од мода, но оваа сезона се во тренд и малку посмели варијанти.

Ние денеска ви претставуваме неколку интересни стајлинзи и предлози кои ќе ви покажат како можете да го носите овој тренд – погледнете:

извор: точка.мк