Мегафон

Детскиот фестивал „Поточиња 2022“ на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија

Детскиот фестивал „Поточиња 2022“ на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија

Многу нешта ги радуваат децата, прегратки, шеги, игри, забава, другарување, но танцувањето и пеењето им се можеби омилените. На прагот од летото, детските желби ќе станат реалност, – „Поточиња 2022“” и официјално ќе се одржи на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија,  најубавата вест за сите дечиња.

Новото претстојно издание на „Поточиња 2022“, како еден од најпознатите детски музички фестивали, е време за повторно дружење на големата сцена. По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „Поточиња 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала.

Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот. Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн.

За првпат во Македонската филхармонија и за првпат наместо да се пречека, детските песни ќе ја испратат пролетта со песна. Организаторите најавуваат голема забава и вистински детски спектакл. Најубавата вест конечно пристигна.