Радио Милева
„Ова старателство повеќе ми штети отколку што ми помага“

Детали од судењето на Бритни Спирс и нејзиниот татко: „Тој ме контролираше 100 000%, сакам ова веќе да заврши“

Детали од судењето на Бритни Спирс и нејзиниот татко: „Тој ме контролираше 100 000%, сакам ова веќе да заврши“
фото: ројтерс

Американската поп ѕвезда првпат сведочеше на суд против нејизиниот татко кој има старателство над неа веќе 13 години.

Таа истакнала дека татко и ја контролира „100 000%“ и дека сака тој процес да заврши.

Во телефонски разговор со судијата во Лос Анџелес, Бритни изјавила дека е трауматизирана и дека плаче секој ден.

„Само си го сакам својот живот назад“,изјавила таа.

Џејми Спирс доби контрола над професионалниот и приватниот живот на ќерка му во 2008 година.

фото: Планет фотос/ профимедиа

Старатеслтвото му беше доделено бидејќи неговата ќерка беше сместена во болница за душевни болести.

Најверојатно ќе следи долг правен процес пред да биде донеселна било каква одлука, пренесува АП.

„Сакам да завршам ова старателство без процеси“, изјавила Спирс на рочиштето.

„Заслужувам да имам живот, заслужувам да одморам две или три години“, додала Бритни.

фото: принтскрин/инстаграм

Таа истканала дека сака да се омажи за сегашното момче и да роди дете, но старателството тоа не и дозволувало.

Исто така, пејачката истакнала дека била принудена да зима лек за биполарно растројство до таа мерка што се чувствувала пијано и не можела да зборува.

„Ова старателство повеќе ми нанесува штета отколку корист“, изјави таа.

Наводно, Џејми Спирс бил вознемирен поради наводите на неговата ќерка на судот, тврди неговиот адвокат.

„Жал ми е кога ќе види како неговата ќерка страда. Господин Спирс ја сака ќерка му и многу му недостига“, изјавил адвокатот.

Неколку фанови од т.н „Слободна Бритни“ се собрале пред судот држејќи картони со натписи: „Ослободете ја Бритни веднаш“, „Губете се од животот на Бритни“.

Останати вести од Радио Милева