Мегафон
сеќавање

Десет години без Гоце Арнаудов

Десет години без  Гоце Арнаудов

Пред точно десет години, на 6-ти декември 2011 година, почина Гоце Арнаудов, легендарниот македонски пејач на народна музика.
Ќе остане запаметен по неговите хитови, по прекрасните песни: „Ех да беше стрела песната”, “Дали чекаш стара мајчице”, “Ќе пијам ќе лумпувам”, “Свири мајсторе”, “Полни бре меанџијо“,  „Штом ноќта помине“, „Проклети да се предавниците“… Добитник е на бројни фестивалски награди на најзначајните македонски фолк фестивали како „Валандово“, „Цветници“, “Гоце фест“…

Неговата родна Струмица по смртта му подигна споменик со неговиот лик.

На манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ ја доби награда за „Најдобар фолк пејач во 2005 година“, а на истата манифестација беше одликуван и постхумно за особени заслуги во афирмацијата и развојот на македонската фолк песна со Златна Бубамара во 2012 година.