Живот и Стил

Дерматолозите препорачуваат: Сапунот и геловите за туширање треба да се користат само на овие делови од телото

Дерматолозите препорачуваат: Сапунот и геловите за туширање треба да се користат само на овие делови од телото

Повеќето луѓе сметаат дека е исправно секојдневното туширање со гелови за туширање и шампони, но лекарите предупредуваат дека тоа е една од оние заблуди на кои сме склони и дека таквите препарати се користат само за одредени делови на телото.

Дерматолозите предупредуваат дека пречестото туширање, особено со разни средства за лична хигиена прават повеќе штета отколку што ѝ користат на нашата кожа.

Некои лекари советуваат во текот на туширањето да истриете со сапун само 3 делови од телото и тоа пазувите, препоните и стапалата, додека остатокот треба да го исплакнете само со вода.

Д-р Сенди Скотницки од универзитетот во Торонто тврди дека миењето на целото тело со препарати од глава до пети може да доведе до кожни проблеми како егзема.

„Пазувите, препоните и стапалата се делови од телото на кои кожата е особено чувствителна, па затоа се склони кон создавање на габи и враснати влакна кои можат да доведат до инфекции“, истакнува Скотницки.

Со неа се сложува и основачот на Центарот за жени во Мериленд, д-р Чеви Чејзу кој тврди дека редовното користење на сапуни и купки во текот на туширањето ги уништува корисните микробиоми кои потоа не ја знаат разликата помеѓу добрите и лошите бактерии.

„Рацете треба редовно да ги миете со сапун, а покрај нив, средствата за хигиена треба да ги користите често само за пазуви, препони и стапала“, додава Чеви.

Тој истакнува дека останатите делови треба да се испираат само со вода, дури и по напорниот тренинг.

„Во прилог на тоа говори и истражувањето од 2018 година, објавено во списанието „Science Advances“, кое на кожата на испитаниците открило и сој на бактерии кои се поврзуваат со намалување на ризикот од рак на кожа, кој сапунот и купките го отстрануваат, а водата не“, наведува докторот.

извор: точка.мк