Радио Милева
тажно

Денот од кој сите се плашеа: Брус Вилис е се’ полошо (фото)

Денот од кој сите се плашеа: Брус Вилис е се’ полошо (фото)

Дијагнозата на Брус Вилис го изненади целиот свет, а неговото предвремено пензионирање, како и многуте слики кои беа објавени по оваа вест, ја растажија јавноста.

На ѕвездата од акционите филмови прво и беше дијагностицирана афазија, а потоа на почетокот на март и со фронтотемпорална деменција, болест за која нема лек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Willis (@brucewillisbw)

Афазијата е нарушување што влијае на говорот, разбирањето, меморијата и другите когнитивни функции и во многу случаи, како и во случајот со актерот, може да доведе до деменција.

Актерот се помалку се појавува во јавноста, а неодамна со себе има и телохранител бидејќи често го заборава патот до дома.

Актерката Деми Мур, поранешната сопруга на Вилис и мајка на нивните три деца, неодамна признала дека Брус Вилис веќе не може ни да ја препознае.

Како што пренесуваат странските медиуми, близок пријател на актерот тврди дека Вилис повеќе не може да зборува.

– Од првата минута до три знае кој сум. Тоа не е целосно вербално. Порано беше страствен читател, а сега воопшто не чита. Сега ги изгуби сите тие јазични вештини, а тој сè уште е Брус. Кога сте со него, знаете дека тој е Брус и сте благодарни што е таму, но неговата радост и желба за живот исчезнаа, тврди изворот.

фото:Profimedia

Останати вести од Радио Милева