Радио Милева
„Сети се“

Денес е една од најпопуларните македонски пејачки: Погодувате ли кое е ова слатко девојченце? (фото)

Денес е една од најпопуларните македонски пејачки: Погодувате ли кое е ова слатко девојченце? (фото)

Живееме во дигитално време кога „хард-копи“ фотографиите станаа реткост или историја.

Ако некогаш требаше да се има фото апарат, да се купи филм и да се развива, денес тоа остана во историјата за повеќето, па на новите генерација останува само да им се прераскажува за тоа како било некогаш.

Низ нашите содржини досега многупати сме виделе повеќе познати Македонци како изгледале како деца, токму од времето на фотографиите кои се ставаа во албум кој имаше посебен дел од домот.

Овој пат, на Инстаграм уште еднаш се појави предизвик кој ги натера прозваните да прочепкаат по старите фото албуми и да ги побараат фотографиите кога биле бебиња и дечиња.

Предизвикот е насловен како „Сети се“ на СОС Детско село, а од многуте дечиња се најде и Тамара Тодевска која се потруди да прочепка квалитетно и да избере неколку фотографии од своето детство, од бебе, па се до малку потпораснато девојченце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Бидејќи поентата е да видиме што повеќе спомени од детството на познатите, Тамара предизвика три пријатели за да го следат нејзиниот пример и да придонесат за создавање на среќни спомени на секое дете.

фото:Инстаграм принтскрин/Тамара Тодевска

Останати вести од Радио Милева