Радио Милева
црниот казанова

Демонски згоден и посакуван и на 57 години: Ова се дел од најубавите жени кои беа во креветот на Лени Кравиц (фото)

Демонски згоден и посакуван и на 57 години: Ова се дел од најубавите жени кои беа во креветот на Лени Кравиц (фото)
фото:инсатграм/леникравиц

Ако е нежен со жените како во своите песни, тогаш е јасно зошто го поврзуваат и беше со најубавите дами на светот – познати и непознати, од манекенки, актерки, пејачки, дизајнерки…

Ниту Кајли Миног, Мадона, Адријана Лима, Никол Кидман, Ева Лонгорија, Пенелопе Круз, Мишел Родригез, Мариса Томеи, Девон Аоки, Ананда Левис, Наталија Имбруглија, Ванеса Парадис, Гвинет Палтроу, Стела Мекартни, Барбара Фиало… не одолеаја на вечниот заводниик и шармер кој годинава на 26-ти мај наполни 57 години.

Во 2009 година во медиумите кружеа гласини дека Лени е во целибат!

Иако има огромно богатство, Лени неколку години живее во камп-приколка на Бахамите, родното место на својата мајка.

Познатиот музичар ја продаде вилата во Њујорк, а ја задржа куќата во Париз, и вели дека тропските предели најмногу го инспирираат.

Актерката Лиса Бонет е единствената жена која му стана сопруга и му ја роди ќерката Зое, но сепак нивниот брак траеше до 1993 година.

Неодамна се појавија гласини дека е во врска со многу помлада анонимна девојка, но остана само на приказни и трач муабети.

Лени е слободен маж кој го посакува речиси секоја жена, но во неговиот кревет сега најмногу место има за неговото милечиче, кучето Џоџо.

 

Останати вести од Радио Милева