Радио Милева
список на желби...

Дедо Мраз дојде кај Карлеуша, еве кому што му донесе на подарок! (ФОТО)

Дедо Мраз дојде кај Карлеуша, еве кому што му донесе на подарок! (ФОТО)

Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку дена објави писмо кое нејзината помлада ќерка Ника Тошиќ му го напишала на Дедо Мраз, а сега откри дека и се исполнила првата желба од списокот.

Имено, Карлеуша на својот Инстаграм профил објави фотографија на која Ника со насмевка на лицето во раката држи нов телефон кој и бил прв на листата на желби.
Дедо Мраз  девојчето го даруваше заслужено, бидејќи таа мораше да исполни некои услови за да и стигнат подароците.

Да потсетиме, Јелена неодамна, како и изминатите години, на социјалните мрежи со своите следбеници сподели писмо од помалата ќерка Ника.


Како и другите деца, секоја година бара од Дедо Мраз да и ги исполнува желбите, а прв на листата бил новиот телефон кој сега стигнал до нејзините раце.

„Драг Дедо Мраз, јас бев добра оваа година, па мислам дека нешто заслужив“, започна Ника, а потоа почна да набројува што очекува да и се исполни во новата година.

Другата ќерка засега не се огласи, како ни нивната мајка кога се новогодишните желби и подароци од Дедо Мраз во прашање.

Покрај здравјето секако, Атина ќе има своја желба, а мама Карлеуша… Нејзиниот список на желби по се’ изгледа е подолг и од двата заедно на нејзините ќерки…? Ама ајде да почекаме, па да видиме?!

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

Останати вести од Радио Милева