Промотер

Давид Темелков праведно го допре – „Прстот на судбината“ (ВИДЕО)

Давид Темелков праведно го допре – „Прстот на судбината“ (ВИДЕО)

Во понеделникот, на 29.11.2021 г.  во најгледаниот естрадниот магазин „Бекстејџ” кој се емитува секој работен ден на Телма во 16.15 и 22.15  ќе се случи промоцијата на  новиот сингл на Давид Темелков со интригантен наслов „Прстот на судбината” и уште поинтригантен видео спот, кој е како краткометражен игран филм проследен со одлична приказна што се гледа во еден здив од почеток до крај.

Спотот ја следи песната за чии стихови е заслужен Драгиша Баша, додека самиот Давид го потпишува препевот, а Миро Буљан стои зад музиката и  аранжманот.

„Поставувањето на големи очекувања и високи стандарди за овој спот беа единствен избор и единствен пaтоказ. Особено голем предизвик беше тоа што дознав дека Нетфликс неодамна  снимаше серија на истата локација каде што беше сниман и овој спот, и поради тоа, се требаше да биде на врвно ниво. Никогаш до сега не сум уживал во некое снимање како во снимањето на овој спот. Целосно уживав во улогата на режисер и продуцент, снимајќи со своите пријатели кои со својата глума, безпоштедност и позитивната енергија го направија овој спот таков каков што е. Ова снимање ми представуваше едно големо задоволство“ – изјави Темелков на денот на ТВ промоцијата на спотот за естрадниот магазин од зад сцената.

Режијата на видеото како што рековме е на самиот Давид Темелков, додека  снимател бил Јосип Нинковиќ – Нинац, а монтажата ја направиле тие двајцата заедно.

Спотот изобилува со многу ликови, а во него свои улоги како актери имаат: Карла Ринчиќ, Сара Силаѓи, Доминик Делиќ, Ловро Иштваничиќ, Среќко Франовиќ, Абрахам Салимон Аре, Марин Молиќ, Матео Ракитиќ, Иан Румац, Мартин Стојковиќ, Лаура Мариќ.

Шминката ја изработила Кана Ковач-Михаљчевиќ.

Ако се’ уште не знаете за каква песна и спот станува збор, ќе дознаете доколку го проследите видеото во продолжение:

Останати вести од Промотер