Радио Милева
закажале свадба

Дарко Лазиќ чека трето дете, пејачот решил да основа семејство и да сврти нов лист (фото)

Дарко Лазиќ чека трето дете, пејачот решил да основа семејство и да сврти нов лист (фото)

Катарина, девојката на пејачот Дарко Лазиќ, наводно е бремена, а парот решил што поскоро да закаже венчавка со цел приновата  да ја дочекаат венчани.

Фолк пејачот решил да сврти нов лист и повторно да се смири, а решил да основа семејство со својата избраничка, пишува „Stars“.

Имено, Катарина е во блажена состојба, а таа и Дарко веднаш штом ја дознале прекрасната вест набрзина закажале свадба, според „Stars“.

Да потсетиме, во емисијата „Амиџи шоу“ гостуваше поранешната девојка на пејачот Барбара Бобак, која на своето поранешно момче Дарко му посака се најдобро.

Имено, пејачката се навратила на врската со Лазиќ за која зборуваше целата јавност и изнесе детали непознати за јавноста досега.

– Ниту сме во некаква врска, ниту има потреба. Ништо не не обврзува, зошто да имам некаков контакт, однос со него? Не сум некоја што ќе се дружи со поранешните, му посакувам многу среќа, што подалеку од мене.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева