Радио Милева
локо локо

Дарко Димитров заедно со Марија Шерифовиќ испратија позитивни вибрации од генералната проба на „Хурикејн“

Дарко Димитров заедно со Марија Шерифовиќ испратија позитивни вибрации од генералната проба на „Хурикејн“
фото: принтскрин/инстаграм/дарко димитров

Овагодинешното издание на Евровизија се одржува во Ротердам, Холандија.

Македонскиот претставник, Васил Гарванлиев со песната „Here I stand“, настапуваше на првата полуфинална вечер. Меѓутоа, Васил не се пласираше во финалето на музичкото шоу.

Македонија повторно неславно го заврши настапот на „Евросонг 2021“: Васил Гарванлиев не влезе во финалето! (ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Вечерва (28.05.2021) е втората полуфинална вечер на која ќе настапуваат и српските претсавнички „Хурикејн“ со пената „Локо локо“.

Aражаманот на евровизиската песна го правеше нашиот добро познат мајстор за музичко дело, Дарко Димитров.

Дарко  моментално е во Ротердам, како и пејачката Марија Шерифовиќ која замина за да ги бодри своите колешки од „Хурикејн“.

фото: принтскрин/инстаграм/дарко димитров

Димитров на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од генерланата проба на српските претставнички, а покрај него беше и некогашната победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ. Насмеани, позитивни, расположени тие испратија позитивна енергија од Ротердам.

фото: принтскрин/инстаграм/дарко димитров

„Мислам дека „Хурикејен“ без проблем ќе поминат во финалето и нивниот настап ќе биде одличен. Жал ми што македонските и хрватските претставници не поминаа во финалето бидејќи сценските настапи им беа сјајни“, изјави Дарко за „К1 телевизија“.

Дали вечерва Србија ќе се пласира во финале останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева