Промотер

Дарио пред Нова Година наместо дупла вотка, сите ве чести со по една – „Ракија“ (ВИДЕО)

Дарио пред Нова Година наместо дупла вотка, сите ве чести со по една – „Ракија“ (ВИДЕО)

Еден од ретките македонски музички ветерани од првата лига им нова песна. Дарио Панковски како по стариот добар обичај работи полека, натенане, ама кога нешто ќе сработи, нема шанси тоа да не го убоде таму каде што најмногу треба: И во  ушите и во душата и срцата на неговата публика. Секоја песна загарантиран хит, со речиси сигурен потенцијал со текот на годините да прерасне во евергрин.

Иако неговите песни можеби за некого , особено за „новите клинци“ не се модерни, современи, во духот на времето, ама затоа се безвременски. Полни со страст, емоции, душа товаране со чувства кои не бледеат, туку само како живи рани притискаат вреќајќи ги мислите, што тоа направивме, каде згрешивме, можеше ли да биде поинаку… И во љубовта и во животот. Во нив среќата и тагата се испреплетуваат низ клопчето на животот, наизменично издигајќи го едното чувство над другото и обратно… Како црно и бело, како плус и минус, како почеток и крај, како студена бистра вода и одлежана лута ракија…

Тоа е Дарио, а такава е и неговата најнова песна, токму така насловена „Ракија“, која доаѓа како мелем на рана, мал едноставен скромен подарок за неговата генерација, но и сите оние што имаат душа полна љубовна горчина, како лек пред Нова Година!

Музички едноставна песна, навидм можеби многупати „веќе слушната“ и позната, а сепак одново допира, со стихови кои ги потикнуваат сетилата, правејќи срцето да затрепери, низ главата да ви минат илјада мисли и слики, а по кожата да ве полазат морници.

Зашто нема некој од нас, кој срцето некому не му го подарил, а потоа останал со срце скршено, за кое единствена терапија е ракија!

Музиката и стиховите се авторство на самиот Дарио, додека  аранжманот и продукцијата ги потишува вообичаено, неговиот стар музички соработник Кристијан Габроски.

Како звучи кога Дарио пред Нова Година наместо со дупла вотка, сите ќе ве почести со по една „Ракија“, проследете од песната во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Промотер