Радио Милева
не и пречи или само така се прави?

Данијела Мартиновиќ наводно дознала за врската на нејзиниот бивши Петар Грашо и Хана Хуљиќ – еве како реагирала

Данијела Мартиновиќ наводно дознала за врската на нејзиниот бивши Петар Грашо и Хана Хуљиќ – еве како реагирала

Како бомба одекна веста дека пејачот Петар Грашо е во врска со ќерката со Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ.

Грашо не сакаше ни да ги потврди, ниту демантира овие пишувања тврдејќи дека никогаш не го експонирал својот приватен живот, па нема ни сега.

Пејачот и додека беше во врска со Данијела Мартиновиќ ретко споделуваше приватни моменти од нивниот заеднички живот.

Тие беа еден од најскладните парови на хрватската естрада, но се разделија уште претходната година.

Како што пишува „Слободна Далмација“, наводно Данијела неодамна дознала за новата љубов на нејзиниот поранешен партнер.

Данијела во текот на вчерашниот ден на „Инстаграм“ насмеана промовираше крема, а соседите ја виделе во расположено издание во близина на нејзиниот стан.

Наводно била насмеана од уво до уво, па изгледа не и пречи новата љубов на нејзиниот сакан.

Останати вести од Радио Милева