Љубов и Секс

Дали сте во врска со зрел маж или вечно момче: 4 знаци кои ќе ви откријат со кого си имате работа

Дали сте во врска со зрел маж или вечно момче: 4 знаци кои ќе ви откријат со кого си имате работа

Некои мажи остануваат „вечни момчиња“, поради што жените со кои се, повеќе се чувствуваат како мајки отколку како партнерки

Повеќето жени сакаат маж за емотивна врска на кого можат да се потпрат и со кого можат да се чувствуваат безбедно. Но, тоа не е секогаш така, бидејќи во животот често се среќаваат со оние мажи кои се „вечни деца“ и на кои им е потребна партнерка која малку ќе ја преземе и „улогата на мајка“.

Зрелите мажи меѓу другото ги карактеризира одговорност и независност, а како што тврдат психолозите, еве уште четири карактеристики кои ќе ве натераат да сфатите дека имате работа со сериозен и зрел тип.

Има цел
Работи или сака да работи за да живее нормално, а ако работи работа што не го задоволува, тогаш знае дека сака да најде нешто друго и подготвен е да даде се од себе за тоа. Нему не му се потребни повиците на мајка му за да стане или да оди на работа, а во животот не му е максимален лимит од еден месец работа кај истиот работодавец, пишува „Елит Дејли“.

Не му треба дадилка
Без разлика дали ќе се опие, ќе се скара со пријателите или со шефот, не му треба дадилка, односно сопруга или некој друг близок за да го „извади“ од ситуацијата. Ако излезете со маж кого треба да избркате од кафуле или да го однесете дома по излегувањето, постојано се жали за се и не прави ништо, тогаш може да ви биде јасно што ве чека со него во иднина.

Не бега од проблемот, туку го решава
Возрасните мажи се свесни дека проблемите се дел од секојдневието и нема да исчезнат доколку ги игнорираме. Ако секоја кавга и непријатна ситуација ја „решава“ со бегство, тоа е знак дека не е во состојба да се соочи со нешто конфликтно, како дете.

Ги знае приоритетите
Мажите кои се „изгубени“ во животот се персонификација на момчиња кои не се возрасни. Мажите имаат насока, приоритети, го почитуваат редот и работата, а момчињата сакаат забава и „губење“ време за да не мора да размислуваат за „тешки работи“ како брак, основање семејство, грижа за саканите, потреба од работа…

извор:попара.мкмаж,зрел,момче