Радио Милева
Вистина или лага?

Дали славната манекенка ќе биде новата Саманта во продолжението на „Сексот и градот“? (фото)

Дали славната манекенка ќе биде новата Саманта во продолжението на „Сексот и градот“? (фото)
фото:профимедиа

Најпознатата германска манекенка Хајди Клум на својот Инстаграм профил ги изненади своите следбеници со фотографија на која позираше со sвездите од серијата „Сексот и градот“ и напиша дека ќе ја замени Ким Катрал во улогата на Саманта Џонс.

– Како велите Саманта на германски јазик? Беше толку тешко да се одржи ова изненадување, но конечно можам да споделам дека се приклучувам на новата сезона на „Сексот и градот“! Едвај чекам да испијам „космо“ коктел и да прошетам чевли Маноло Бланик со овие неверојатни дами – напиша Клум и воодушеви милиони нејзини обожаватели.

Сепак, по неколку часа, таа објави видео и во описот напиша дека само се шегува, со оглед на тоа дека е 1 април.

– Само се шегувам. Април-шега – напиша Хајди, сепак, обожавателите на серијата сè уште не и веруваат и тврдат дека сè е вистина, само што сè уште не смее да објавува детали за нејзината улога, но и дека Хајди е создадена за оваа улога.

фото:профимедиа

Да потсетиме, во новиот „Сексот и градот“ ќе ги следиме авантурите на Кери (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристен Дејвис) во нивните 50-ти години. Како што е познато, некои ликови во оваа реализација, сепак, нема да ги видиме, како што се Саманта, Ѕвeрката и Стив Брејди.

Останати вести од Радио Милева