Живот и Стил

Дали ова е најдолгата коса? 17 години ја расте и нема намера да ја скрати

Дали ова е најдолгата коса? 17 години ја расте и нема намера да ја скрати

Јапонката Рин Камбе веќе 17 години ја пушта својата коса и сега таа е толку долга што на жената ѝ требаат два часа за да ја исуши по капење.

Нејзината коса, според наводите денес е долга 213 сантиметри, а жената која е на почетокот од петтото десетлетие од својот живот, и не планира да ја скрати. Таа вели дека често мора да ја врзе косата во пунџа за да ја крене од подот, бидејќи ѝ е многу тешко да ги извршува секојдневните обврски со пуштената коса. За миење на косата ѝ треба повеќе од еден час, за сушење – двојно повеќе, а иако успева да ја врзе во пунџа за само десет минути, често мора да ја менува положбата на пунџата во текот на денот, бидејќи косата ѝ е толку тешка што жената често има и главоболка.

– Ако ја пуштам косата, имам проблеми речиси со сѐ што правам, па лесно и се сопнам. Не можам ни во тоалет да одам, а камоли да се пресоблечам или да седнам да јадам, вели Рин.

Таа додава и дека косата ја мие двапати неделно.

– Тоа е цел еден третман, и после миењето, ја сушам косата… Ми треба еден час да ја измијам, па правам третман и масажа, па два часа таа се суши, па следи негата и чешлањето. Давам сѐ од себе да не ја оштетам косата додека ја мијам… Чувствувам дека мојата коса е мојот скапоцен партнер во животот. Таа продолжува да расте секој ден!, вели Јапонката.

Првото прашање на луѓето е – дали нејзината коса е вистинска?

– Кога ќе се увератат дека е – тоа е најголемиот шок и воодушевување!, вели таа.

Претходно, на почетокот на ова илјадалетие, Рин работела како танчерка, со куса, „боб-фризура“. Тогаш решила да ја пушти косата бидејќи кусата не ѝ изгледала доволно оригинално и впечатливо. Интересно е и тоа што со својата фризура сака да испрати една важна порака – да ја истакне јапонската култура, и да ја направи што попрепознатлива, бидејќи традиционално, долгата коса е симбол на јапонските принцези.

извор:курир.мк