Живот и Стил

Дали ноќниот тренинг го уништува вашиот квалитетен сон?

Дали ноќниот тренинг го уништува вашиот квалитетен сон?
Handsome man sleeping in his bedroom. Man sleeping with alarm clock in foreground. Serene latin man sleeping peacefully.

Освен ако не сте Марк Волберг и сакате да вежбате во 3 часот наутро, веројатно е дека сакате подолг сон. Исто така, постојат и луѓе кои не можат да се одморат за време на ручек или пак во текот на денот, каде што ноќниот тренинг претставува нивна единствена тактика. Се поставува прашањето дали ноќните сесии влијаат лошо врз вашиот сон? Најновото истражување ќе ви помогне како да го решите овој проблем.

За време на истражувањето спроведено во Швајцарија, волонтерите кои учествувале во експериментот немале никакви проблеми со спиењето и почесто вежбале. Иако практикувале поинаков тренинг режим, понекогаш успевале да заспијат, само неколку минути после напорниот тренинг.

Научниците дошле до заклучок дека ноќните тренинзи немаат директно влијание врз вашиот сон. Иако некои тврдат дека обуката за време на тренингот може да го одложи вашето нормално време за спиење, сепак тоа нема да предизвика проблеми во текот на ноќта.

Исто така, немаше разлики меѓу оние кои редовно вежбаат и оние кои штотуку започнуваат со тренинг сесии.

Со еден збор, овие истражувања дадоа конкретни резултати дека ноќното вежбање не влијае врз вашиот сон, односно може повеќе да ви помогне со силен тренинг и голем напор пред спиење, за да го подобрите квалитетниот сон.

Извор: friday.mk