Радио Милева
вредно за реприза

Дали „мала од скандала“ им стана муза? По Маја Беровиќ сега и Милица Дабовиќ во ист стајлиг како Карлеуша (фото)

Дали „мала од скандала“ им стана муза? По Маја Беровиќ сега и Милица Дабовиќ во ист стајлиг како Карлеуша (фото)

Милица Дабовиќ во емисијата „Магазин ИН“ се појави во креација која веќе имавме можност да ја видиме и претходно. Сепак, не на неа. Имено, Јелена Карлеуша, која беше пионерка во многу работи на овие простори, минатиот декември прошета во истиот фустан.

Моделот припаѓа на лимитираната капсулна колекција што популарната пејачка ја направи со брендот „Jalize“. Станува збор за релативно млад моден бренд, основан во 2018 година во Цирих, а лансиран од српската манекенка Алиса Миленковиќ, која пораснала во Швајцарија. Во креациите со потпис на оваа куќа гледаме и други балкански ѕвезди, како Северина и Софија Милошевиќ.

Очигледно дизајнот многу и се допаѓа и на поранешната кошаркарка, кој го повтори светлосиниот фустан со интересна бела апликација.

Дека Карлеуша е инспирација за пејачките и познатите дами на српската естрада и пошироко, покажа тоа што деновиве и пејачката Мајак Беровиќ го носеше истиот комбинезон како неа.

Секако секоја носи своја посебна енергија, а на која подобро и прилега е работа на вкус.

фото:Инстаграм/Андреја Дамјановиќ/Милош Милетиќ

Останати вести од Радио Милева