Љубов и Секс

Дали криете од партнерот колку трошите?

Дали криете од партнерот колку трошите?

Прашањето за пари е многу важна тема помеѓу партнерите кои се во врска. Дали сите пари ќе одат во „заедничката каса“ или секој ќе има своја заработка?

Мислењата се поделени, а истражувањата покажаа дека многу луѓе всушност кријат пари од своите партнери, но и точната бројка колку заработуваат.

Студијата спроведена на 843 Американци покажа дека 6 отсто од нив кријат банкарска сметка или кредитна картичка подалеку од партнерот со кој живеат. Исто така, се покажало дека во неколку наврати знаеле да потрошат голема сума на пари, а нивните партнери не знаеле ништо за тоа.

За споредба, 26 отсто од мажите и 14 отсто од жените ги кријат парите од своите партнери, покажа истражувањето. Научниците дошле и до интересни заклучоци дека всушност мажите се тие кои одат на импулсивен шопинг и дека само 18 отсто од жените поддржуваат такво каприциозно однесување.

31 процент од мажите признале дека немаат проблем да го прифатат импулсивното купување на партнерките.

Една нова студија покажува многу поголеми бројки. Во последната анкета, 44 отсто од испитаниците ги кријат своите трошоци од партнерот. Тие исто така откриле дека новите генерации имаат поголема веројатност да направат финансиски неверства отколку постарите.

Истражувањето дошло и до заклучок дека парите се сепак главната работа за која паровите се караат, но и раскинуваат.

За да избегнете финансиско неверство, се препорачува да зборувате за пари, колку трошите и да бидете апсолутно транспарентни за финансиите. Други експерти за пари предлагаат да се постави некој вид дигитален аларм, така што секој партнер е свесен кога и колку се троши.

извор:попара.мк