Радио Милева
тажен крај на порно ѕвездата...

Дакота Скај – ѕвездата на филмовите за возрасни пронајдена мртва во нејзиниот стан (ФОТО)

Дакота Скај – ѕвездата на филмовите за возрасни пронајдена мртва во нејзиниот стан (ФОТО)

Дакота Скај, ѕвездата на филмовите за возрасни, почина на 27-годишна возраст, објавија членовите на  нејзиното семејство.

Порно актерката, чие вистинско име е Лорин Скот, била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лос Анџелес. Причината за смртта не е објавена, но жената која се претставила како нејзина братучетка изјавила дека причината може да биде злоупотреба на психоактивни супстанции.

„Лорин беше  дете на многу дисфункционално семејство, во кое имаше злоупотреба на дрога, алкохол, физичко, емоционално, вербално и сексуално насилство, што се одрази на нејзиниот развој и живот“ – рекла жената, која се претставила како тетка на актерката.

„Лорин почина две години по нејзината мајка и моја сестра, која беше предизвикана од зависност и алкохолизам“ – потврдила жената.

Според социјалните мрежи, Дакота страдала и заради честите прозивки на социјалните мрежи, како онаа кога пред некој месец споделила фотографија на која се покажува топлес покрај графитот на Џорџ Флојд, човекот заради кој  започнаа големите рaсни немири во Америка минатата година, откако беше задушен кога бел полицец стискајќи го предолго му држеше колено на вратот при апсењето.

Фото: Инстаграм принтскрин/dxkxtxskye

Останати вести од Радио Милева