Промотер

Дадо Топиќ и Влатко Стефановски заедно во љубовната рок балада – „Само за њу“ (ВИДЕО)

Дадо Топиќ и Влатко Стефановски заедно во љубовната рок балада – „Само за њу“ (ВИДЕО)

Фондацијата „План Б“ за прв пат ги обедини легендарните музичари Дадо Топиќ и Влатко Стефановски.  Љуовната рок балада  „Само за њу“, за која текстот го напиша Дадо Топиќ, а композитори се Зоран Коневиќ и Шидахар Соланки. Оваа песна е една од деветте песни на неодамна објавениот албум „Plan B vol 1“.

Во Младинскиот театар во Бања Лука се снимаше интересно видео во режија на Сузана Лазиќ, а љубовната приказна на посебен начин ја претставија актерите во спотот Хелена Миљковиќ и Милан Бабиќ.

Албумот „Plan B vol. 1“ во издание на Tesla Music и Croatia Records беше претставен пред медиумите на почетокот на јуни на прес-конференција во Водице во рамките на фестивалот „CMC“, а неодамна беше успешно претставен и во Сараево.

Проследете во продолжение како звучи изгледа „Само за њу“ на Дадо Топиќ и Влатко Стефановски: