Радио Милева
Дама со божествен изглед

Дадар ги дотерува сите… ама само една ја прогласи за најубава на сите времиња! (ФОТО)

Дадар ги дотерува сите… ама само една ја прогласи за најубава на сите времиња! (ФОТО)

Најдобриот и најпознатиот македонски стилист Александар Билјановски – Дадар неодамна го отвори новиот салон за разубавување, па сега таму е вистинска врвулица од клијенти. Меѓу нив – плејада на познати лица, јавни фаци од естрадата, модата, медиумите, уметноста, културата…

Дадар, познат својот тивок табиет, питом карактер и добра душа, не може никого да одбие, особено не познатите кои патем, му се и приватно добри пријатели. Затоа неговите вешти раце во кои е преточено сето негово знаење и умеење постојано се на начија глава или лице… Во зависност дали е шминката или фризурата во прашање!

Меѓу дузината познати лица, во неговите раце, кога е дотерувањето на убавината во прашање, завршуваат и најпознатите македонски ТВ водителки и презентерки. Ама од сите нив нему една му е најубава! И тогаш и сега и… Ма, најубава на сите времиња! Дама со божествен изглед, чија  внатрешна убавина е во совршен баланс со надворешната!

Токму со овие зборови најпознатиот македонски стилист на сите времиња ја опиша Татјана Стојановска – својата најубава клиентка на сите времиња… Се разбира, кога се ТВ презентерките на вести во Македонија во прашање! Останатите „најубави“ меѓу мноштвото убавици… остана подоцна да ни ги открие!

Останати вести од Радио Милева