Живот и Стил

Цвеќиња што цветаат во есен: 4 вида растенија што ќе им успеат и на почетниците

Цвеќиња што цветаат во есен: 4 вида растенија што ќе им успеат и на почетниците

Овие растенија цветаат и во текот на есента, а некои од нив се многу лесни за одгледување.

Астер

Името на овој цвет потекнува од грчкиот збор што значи ѕвезда и го добил поради изгледот на неговите цвеќиња. Цветовите на ова растение најчесто се во различни нијанси на розова, црвеникава, виолетова и сина боја.

Хелиопсија

Ова растение со интензивни жолти цветови ги преживува и најтешките зими, издржувајќи силни ветрови и бури. Хелиопсијата успева на речиси секоја градинарска почва, но ако сакате да цвета бујно, сепак треба да ѝ обезбедите подобра, умерено плодна и пропустлива почва. Може да порасне и над еден метар ако ја засадите како грмушка.

Жедник

Ова растение сака сончеви места и сува почва. Сепак, треба да бидете внимателни и да го контролирате неговиот раст за да не се шири премногу. Во зависност од видот и од сортата, овие цвеќиња може да растат од 5 до 60 центиметри во висина, а цветовите најчесто им се жолти, бели, зеленикаво-бели, розови и црвени. Жедникот е одличен за почетници бидејќи е многу лесен за одгледување.

Фуксија

Фуксијата е позната по прекрасните розово-виолетови цветови во форма на ѕвонче. Нејзините цветови се многу нежни и чувствителни, па затоа не е добро да ја преместувате додека цвета. За добар раст и цветање, потребно е многу вода и редовно хранење.

извор: Кафепауза.мк