Промотер

Chromatic Point – „Clockwork“ (ВИДЕО)

Chromatic Point – „Clockwork“ (ВИДЕО)

Македонскиот етно прогресивен бендХроматик поинт“  продолжува да реди успеси. По третиот по ред студиски албум „Изгрев“ и песните од него, момчињата имаат нов материјал.

„Конечно пристигна!!! Првата песна од следниот наш студиски материјал. Продолжуваме со иста мисла за некомпромитирана музика“ – со овој пост на својота официјална фејсбук страница групата ја најави новата песна и видеото за неа насловена „Сlockwork“.

Видеото го изработиле Христијан Аврамов – Златни, Љупчо Спиров и Александар Јовановски, зад камерата бил: Александар Цветановски, додека аудиопродукцијата е дело на Евгениј Гени Каревски.

Бендот „Хроматик поинт“ за потсетување го сочинуваат: Душко Ичев – клавијатури, Ален Спасевски – бас, Христијан Ристески – гитара и Филип Јездиќ – тапани.

Слушнете и погледнете како звучи и изгледа нивното ново аудиовизуелно дело: Сlockwork“.

 

 

Останати вести од Промотер