Промотер

„Чоканче“ се враќаат на сцената во време на лудило, мизерија и политичка агонија со – „Игра рок ен рол цела Македонија“ (АУДИО)

„Чоканче“ се враќаат на сцената во време на лудило, мизерија и политичка агонија со – „Игра рок ен рол цела Македонија“ (АУДИО)

После подолго време битолската рок ен рол дружина „Чоканче“ се враќа во етерот со нов аудио запис. Песната датира од пред 7 години, но е финализирана дури минатиот месец.
„Чистокрвна рок ен рол музичка приказна во која проткајува еден искрен, обичен опис на секојдневието во Македонија“ – велат од бендот.

Снимена е во студиото на Влатко Симоновски во Битола, кој самиот е и снимател и продуцент на песната.
Тапаните ги снимил Иле Лулевски, гитарите Зоран Илиевски- Скроч, вокалите ги пее Бранко Шољриќ – Паљач, бас ири Крсте Симоновски – Крчо, а втора гитара Игор Беговски – Ќебап.

Фотографиите во видеомикс со кој е визуелизирана песната ги изработил Иван Михајловиќ.

Како звучи кога во време на лудило, мизерија и политичка агонија  – „Игра рок ен рол цела Македонија“, проследете во продолжение: