Радио Милева
Чиста егзотика

Опуштено на одмор: Маја Николиќ ужива во морската храна (фото)

Опуштено на одмор: Маја Николиќ ужива во морската храна  (фото)

Пејачката Маја Николиќ веќе еден месец ужива на одморот во Грција, а сега на социјалните мрежи објави провокативно видео.

Маја уживаше во шармот на морето и морските плодови, па покрај песната сними и видео кое особено ги заинтригира мажите.

Имено, Маја сензуално јадела школки, кои на многумина, судејќи по коментарите им изгледале како да снима секси содржина.

Инаку, Маја неодамна откри дека немала непристојни понуди.

– Никогаш во животот не сум имала непристојни понуди, бидејќи кога разговорот оди во насока која не ми одговара, инаку во приватниот живот, во секое време, имам свој став кој многу јасно го искажувам. Се зависи од личноста, дали ќе дозволи некој да му направи таква понуда или не, јас сум жена која доаѓа од фестивалски настапи и никогаш не сум давала причини луѓето од мојата околина да ми понудат нешто. Кога ќе почувствувам дека нешто не ми одговара, тоа го кажувам. Мојот став и мојот одбранбен систем така реагира. Мислам дека сето тоа произлегува од домашното воспитување и самите дозволуваме сомнителни ликови да ни пријдат или да бидеме опкружени со чесни и добри луѓе со кои работиме – истакна неодамна таа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/majanikolic_official

Останати вести од Радио Милева