Љубов и Секс

Четири начини да ги подобрите интимните односи со партнерот

Четири начини да ги подобрите интимните односи со партнерот

Ако сте размислувале да направите промени во љубовниот и сексуалниот живот, сега е вистинското време.

Постојат неколку начини кои ќе ви помогнат да бидете поинтимни со партнерот, но и да ја вратите страста која постоела на почетокот на врската.

Ослободете ја енергијата на вашето тело
Можете да ја ослободите и зајакнете енергијата на вашето тело на часови по јога или пилатес. Откако ќе се поврзете со сопственото тело, ќе откриете колку повеќе се чувствувате поврзано со телото на вашиот партнер. Една студија покажа дека поврзаните, но сексуално неактивни луѓе имаат тенденција да се чувствуваат тажно и самокритично. Затоа е важно да ја вратите вашата сексуална моќ со изнаоѓање нови начини да се чувствувате удобно во вашето тело,

Активирајте го допаминот со нови активности
Експертите велат дека допаминот и другите хемикалии во мозокот се директно поврзани со физичката привлечност и романтичната страст, поради што спојувањето со партнерот преку нова заедничка активност може да помогне да се создаде возбуда.

Обидете се со активност што може и двајцата да ве возбуди или да ве исплаши, едноставно да предизвика возбуда.

Опуштете се со романтичен филм
Викендот е идеално време за да се опуштите и да одвоите време само за вас двајца. Најдете филм што ќе ве опушти и ќе ве задржи фокусирани, удобно во топлината на вашиот дом, подгответе храна и уживајте во ноќта што е само ваша.

Разговарајте со партнерот за време на сексот
Зборувањето за време на секс може да предизвика наплив на хормони и сексуални импулси во вашето тело. Исто така, тишината за време на сексот може да биде прилично непријатна. Споделете ги со партнерот сите ваши фантазии, дури и оние кои во моментот не сте подготвени да ги реализирате.

извор:попара.мк