Живот и Стил

Чешне лук за силен имунитет

Чешне лук за силен имунитет

Здравствените придобивки од лукот се многубројни. За сите оние кои се жалат на висок крвен притисок, ова е најлесниот и најбезбедниот начин да го држите крвниот притисок под контрола. Најдобро од сe, го земате еднаш дневно и нема никакви несакани ефекти, како што е случајот со разни лекови.

Воспаление од секаков вид може да се спречи и излечи со лук. Оние кои страдаат од артритис можат да имаат огромна корист од него.

Лукот штити од габични инфекции, брадавици, бактерии и сите други бактериски инфекции.

Слабиот имунолошки систем е вообичаена појава денес. Поради падот на имунолошкиот систем, често се појавуваат настинки, грип, алергии на носот и посериозни болести. Кога вашиот имунолошки систем е силен, тој е во состојба да ве заштити.

Лукот ви дава сила. Едно чешне лук содржи 12 мг калиум, 5 мг калциум и 100 сулфурни соединенија.