Мегафон
Чад, оган, пепел...

Траорни сцени на местото каде што загина легендата Коби Брајант (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Траорни сцени на местото каде што загина легендата Коби Брајант (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Планински предел, расфрлан парчиња метал јагленисани дури до непрепознавање, чад, пепел и голем број пожарникари кои се обидуваат да спасат барем нешто од хеликоптерот кој денеска се срушти во местото Калабесас во близина на Лос Анџелес во кој загина еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант.

Првичните информации велат дека тој беше е идентифициран како жртва на овој пад, додека со него биле уште четворица чии имиња сѐ уште не се објавени. Полицијата најави прес-конференција за 11 часот вечерва по македонско време кога ќе ги објави првите детали поврзани со шокантната вест во светот на спортот.

 

Извор: Спорт1