Радио Милева
подарок пред венчавката

Џенифер Лопез ја откри најромантичната порака од Бен Афлек на која се потсетува секој ден

Џенифер Лопез ја откри најромантичната порака од Бен Афлек на која се потсетува секој ден

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез проговори за специјалната порака што Бен Афлек ѝ ја изгравирал на свршеничкиот прстен, пренесува Daily Mail.

53-годишната ѕвезда даде интервју за Зејн Лоу од Apple Music One за нејзината врска со Бен Афлек. Конкретно, Лопез проговори за пораката што Афлек ја врежал на вереничкиот прстен што ѝ го подарил пред венчавката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rob Zangardi (@robzangardi)

„Не. Нема да. Никаде“, напишал 50-годишниот актер на внатрешноста на прстенот. Џенифер Лопез додаде дека Бен Афлек почнал да ја користи оваа фраза откако повторно ја разгореле нивната романса. Но што значи фразата?

„Така ги потпишуваше своите мејлови кога почнавме повторно да разговараме. Како: „Не грижи се, не одам никаде“, призна Лопез.

фото:Инстаграм

Останати вести од Радио Милева