Радио Милева
заљубена

Цеца за врската со Богдан: „Вдовица сум 21 година, може и јас да се заљубам?“

Цеца за врската со Богдан: „Вдовица сум 21 година, може и јас да се заљубам?“

Пејачката Цеца Ражнатовиќ веќе некое време ужива во љубовта со Богдан Срејовиќ и не крие дека е заљубена.

Ражнатовиќ проговори за својата врска со Богдан, но откри нешто повеќе и за својот љубовен живот.

„И Цеца смее да се заљуби, зошто да не? Јас не сакам да го експонирам својот приватен живот, тоа ми припаѓа само на мене и не е за шерување во јавност. Секој има право на љубов, партнери, но тоа не значи дека треба постојано да сум насловни страници“ вели пејачката.

„Јас сум 21 година вдовица и за тие две децении не го експонирав својот емотивен живот. Но, љубовта им се случува на другите зошто да не ми се случи и на мене?“; вели фолк ѕвездата за „Викенд специјал“.

На прашањето дали наскоро ќе омажи ќерката Анастасија, таа вели:

„Може, што се однесува до мене. На мене и сестра ми, ни одат организациите, но тоа е прашање за Анастасија. Јас го обожавам својот зет, немам ништо против, за мене се е супер“, вели Ражнатовиќ.

Потсетуваме, Цеца одржа концерт на дожд пред 20 000 луѓе, а нејзинот партнер Богдан и упати поддршка.

фото: телеграф/ата имагас/инстаграм/цеца ражнатовиќ

Останати вести од Радио Милева