Радио Милева

Цеца вознемирена по вандалскиот напат во нејзинот дом: „Очекувам апсење, полицијата ги има снимките“

Цеца вознемирена по вандалскиот напат во нејзинот дом: „Очекувам апсење, полицијата ги има снимките“

Главна вест во српските медиуми, а и оние од регионот е тоа дека семејството Ражнатовиќ е вознемирено откако непознати лица со автомобил удриле во влезната порта од нивниот дом.

Имено, непознати лица со два автомобили од марката „Мини Купер“ и еден караван ја нападнале куќата на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во утринските часови во текот на  вчерашниот ден.

Според српските медиуми тие со возилата ја удирале капијата на пејачката, а потоа побегнале во непознат правец.

Според сознанијата напаѓачите возеле „Мини Купер“ и еден караван со кои налетале право во куќата на Цеца.

-Очекувам апсење во текот на денот, полицијата ги има снимките, ова е намерен вандалски напад во приватен имот, изјави Цеца за српски Телеграф.

ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.РС/instagram

Останати вести од Радио Милева