Радио Милева
тинејџерка

Цеца Ражнатовиќ се појави во мини фустан на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а со изгледот ги воодушеви сите (фото)

Цеца Ражнатовиќ се појави во мини фустан на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а со изгледот ги воодушеви сите (фото)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пристигна видно расположена на снимањето на новата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ чиј член е на жирито.

Имено, Цеца била снимена додека излегувала од автомобилот, а во таа прилика ги покажала извајаните нозе, додека обожавателите постојано коментираат дека изгледа како тинејџерка!

Цеца за оваа пригода избра кратко фустанче со црвен принт, кој ги истакна нејзините витки нозе, а овој стајлинг Ражнатовиќ го заокружи со златни обетки и ланче, кои му дадоа посебен гламур на почетокот на сезоната на споменатото натпреварување.

Инаку, како што напиша Курир.рс , Цеца со Гранд потпишала договор на три години, според кој за една сезона од шоу програмата добива 100.000 евра.

Покрај Ражнатовиќ, добри суми заработуваат и другите членови на жирито од учество на овој натпревар и менторирање на млади кандидати, но таа сума е далеку помала од онаа што ја договори Ражнатовиќ.

Според Курир.рс, најблиску до Цеца е Марија Шерифовиќ која добива по 80.000 евра по сезона, додека Ана Бекута и Вики Миљковиќ заработуваат по 50.000 евра.

Фото:Принтскрин/Ата Имаџес

Останати вести од Радио Милева