Радио Милева
нова кавга

Цеца откри тајна после 25 години: Песната „Иди док си млад“ денес е голем хит, но не била намената за Ражнатовиќ туку за оваа пејачка

Цеца откри тајна после 25 години: Песната „Иди док си млад“ денес е голем хит, но не била намената за Ражнатовиќ туку за оваа пејачка

Пејачката Цеца Ражнатовиќ е новиот член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и уште во првата емисија одговора на провокациите нља жирито.

Во последната емисија на музичкото шоу, повторно настана конфликт меѓу Цеца Ражнатовиќ и Александар Милиќ Мили. Тие се скараа околу еден кандидат кој ќе го земе во неговиот тим, па на крајот Цеца беше таа која попушти.

„Еве ти, земи го момчето јас сум навикната да честам. Себичен си, затоа  и повеќе не соработуваме. Јас те направив популарен, Марина ми кажа – „Имам едно младо, талентирано момче“.

Мили се бранеше и дека пред Цеца имал хитови, дека соработувал со Харис Џиновиќ, Јами, Жељко Самараџиќ и дека во 1995 се случила песната „Иди док си млад“ кој ја напишал за Цеца.

Меѓутоа, Ражнатовиќ во емисијата откри дека таа песна првобитно не била наменета за неа туку за друга пејачка.

„Ти таа песна ја напиша за Весна Змијанац“.

Мили одговори дека тоа не било така:

„На Весна и ја напишав песната „Никоме нисам ни мајка, ни жена“, а Марина кажа дека „Иди док си млад“ е за Цеца“, одговори композиторот.

Инаку, во една од претходните емисии Цеца истакна дека е на суд со Мили поради долг додека соработувале.

фото: ата имагес/инстаграм/цеца ражнатовиќ/зведе гранда/александар милиќ мили

Останати вести од Радио Милева