Радио Милева
не сака втор брак

Цеца откри дали би впловила во брачните води со Богдан: „Еднаш се мажев, повторно не планирам“

Цеца откри дали би впловила во брачните води со Богдан: „Еднаш се мажев, повторно не планирам“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна го одржа својот прв концерт по двегодишната пауза поради пандемијата со коронавирусот.

По концертот на кој пееше под дожд, Ражнатовиќ откри дека се разболела, па проговори за нејзината здравствена состојба.

„Проблемот беше тоа што настапот беше одалечен околу 20 минути возење од местото каде што бев сместена, па мократа облека се исуши на мене и така се разболев. Со денови примав силни инекции, инфузија и инхалација. Но, како што гледате успеав да оздравам“, вели Ражнатовиќ.

Неодамна, се појавија и гласини дека Цеца и нејзиното момче Богдан раскинале.

„Тоа се глупости. Ако немам момче тогаш ме поврзуваат со разни мажи, ако имам тогаш сум раскинала. Да се разбереме, се е во најдобар ред“, вели пејачката.

Ражнатовиќ вели дека иако е среќна, но не се гледа во брак со Богдан.

„Еднаш се омажив  и повеќе не планирам. Сите се прашуваат каде е Богдан. Како што јас имам обврски, има и тој“, заклучи Цеца.

фото: принтскрин/инстаграм/дамир дервишагиќ/ милош чветковиќ/нема николиќ

Останати вести од Радио Милева