Радио Милева
има се, може се

Цеца не се штеди: Пејачката за еден моден детаљ платила речиси 8 000 евра

Цеца не се штеди: Пејачката за еден моден детаљ платила речиси 8 000 евра

Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ се пофали со чизми и чанти од познат бренд за кои искешира неколку илјади евра.

Пејачката води грижа за својот изглед и ги следи најновите трендови, често бира елегантни и едноставни стајлинзи, а за брендирани модни парчиња не жали да дава пари.

Цеца на својот „Инстаграм“ се пофали со бордо чанта и чизми во иста боја.

Имено, станува збор за моделот на „Шанел“, а чија цена од година во година стануваат поскапи.

Како што пишува на официјалната страна на брендот,  цената на чантата која ја има и фолк пејачката изнесува 7 762 евра.

Нема сомнеж дека пејачката со чизмите и чанта ќе блесне на едно од следните изданија на „Ѕвезидите на Гранд“.

За потсетување, Цеца неодамна се пофали со обувки на еден познат бренд чија цена изнесува 1 100 евра.

фото: ата имагес

Останати вести од Радио Милева