Радио Милева
кога Цеца се весели

Цеца ги китела трубачите со банкноти од 500 евра: Испливаа непознати детали од свадбата на Вељко и Богдана

Цеца ги китела трубачите со банкноти од 500 евра: Испливаа непознати детали од свадбата на Вељко и Богдана
фото: Снежана Крстиќ/рас србија

Еден од најдобрите трубачи, Дејан Јевдиќ вели дека фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ му оставила најголем впечаток.

Тој откри и непознати детали од свадбата на нејзинит син Вељко.

„Ја запознав во ноември 2019 година кога го женеше синот. Сакаше да и свирам на еден од најрадосните денови во нејзиниот живот. Прифатив без размислување и не се покајав бидејќи тоа беше веселба која траеше цел ден и ноќ, ја памтам како најубаво сеќавање. Тој ден со својот оркестар бев во нејзиниот дом во Белград каде што ги дочекувавме сватовите“, изјави Дејан за „Хит информер“.

фото: Милан Илиќ/рас србија

„Потоа сите заминавме во Тител каде што не чекаше невестата Богдана и нејзините родители. Свиревме неколку часа, а потоа се упативме до храмот Свети Сава каде што Вељко и Богдан се венчаа. Потоа, прославата продолжи во хотел каде што свиревме до раните утрински часови“, вели Јевдиќ и откри како изгледа познатата фолк ѕвезда во опуштено издание.

фото: Инстаграм

„Несекојдневно е доживувањето кога Цеца се весели и ги кити трубачите со пари. На мене и мојот оркестар ни оставаше по 500 евра. Веќе не се ни сеќавам колку пари имаше“, вели Дејан.

Инаку, Богдана и Вељко претходната го добија синот Жељко кој наполни една година.

Останати вести од Радио Милева