Мегафон
под капата на ИНТВ

Цаки – Кисми и Елена Велевска на голема турнеја низ Австралија

Цаки – Кисми и Елена Велевска на голема турнеја низ Австралија

Цаки – Кисми и Елена Велевска потпишаа договор со Австралиската ИНТВ со седиште во Мелбурн и тие ќе бидат првите македонски пејачи што ќе  одржат големи концерти во Австралија под покровителство на ИНТВ.

Термините на турнејата се познати и наскоро ќе излезат и точните датуми на концертите. Предвидени се 8 концерти и два настапи во дискотеќи низ Австралија.

Инаку, ИНТВ започна да потпишува договори со македонски пејачи за соработка и турнеи ширум светот, а предност наводно имаат младите пејачи. Изборот на пејачи се прави во кординација со ИН продукција од Македонија и веќе течат и нови преговори за нови турнеи кои наскоро ќе бидат објавени.

Цаки Кисми е екс фротменот на групата „Кисми“ кој сега има своја соло кариера и е еден од најбараните пејачи во Македонија.

Елена Велевска пак успешно чекори на македонската естрадна сцена повеќе од 20 години. Зад неа стојат повеќе хитови и со години важи за една од најзгодните и најатрактивни фолкерки кај нас.  Наскоро Цаки и Елена најавуваат и дует песна.