Радио Милева
Подарок на реверс

Бугарската пејачка Алисија ја „завери“ љубовта така што го „олесни“ момчето со џип од половина милионче (ФОТО)

Бугарската пејачка Алисија ја „завери“ љубовта така што го „олесни“ момчето со џип од половина милионче (ФОТО)

Додека некои од бугарските фолкерки не се задоволни од затворањето на локалите заради коронапандемијата, за други очигледно нема криза и тие не се жалат дека немаат пари ни за бензин.

За пејачката Алисија на пример, годината е очигледно исклучително успешна. Фолкерката  е забележана како се  вози низ улиците на Софија со најновиот модел на џип Мерцедес Брабус, кој излезе од фабриката само пред неколку месеци. Цената на моќното возило е 250.000 евра или околу половина милионче лева. Ова е цената без дополнителна опрема и оклоп, инаку цената достига и до еден милион.

Нарачаниот мерцедес и е подарок на Алисија од нејзиното момче Симеон Филипов. 30-годишниот бизнисмен е лудо заљубен во Асја, како што е вистинското име на пејачката, и не престанува да ја разгалува. Секако, предвидливиот Симеон  веднаш не го пренесе моќниот џип на името на својата сегашна, инаку бивша девојка на фудбалската ѕвезда Валери Божинов, туку возилото и беше дадено само за лична употреба, пишува Викенд.

Алисија дефинитивно го привлекува вниманието и на возачите и на пешаците. Џиповите од овој модел се високо ценети и претпочитани од љубителите на големите брзини. Алисија и бизнисменот Симеон Филипов се во љубов најмалку 2 години. Младиот шмекер се занимава со трговија на недвижен имот и поради неговите финансиски можности е меѓу најпосакуваните ергени во Софија.

Самата Алисија веќе подолго време ја запоставува својата кариера и не се замара со нови песни и спотови. Пејачката веќе еднаш ја наведе својата работа и постојаните отсуства навечер, како главна причина за разделба со поранешните партнери. Сега нејзе коронапандемијата и оди во полза, поради фактот што не настапува, па може да биде неразделна од нејзиниот сакан и да го чува од љубопитните погледи и флертови на бугарските женски ловци на богати мажи.

Извор:  HotNews.bg

Фото: Инстаграм принтскрин/alisiaofficial_

Останати вести од Радио Милева