Радио Милева
загрижена принцеза

Британски новинар ќе објави книга за Меган Маркл: „Дознав неверојатни работи за неа“(фото)

Британски новинар ќе објави книга за Меган Маркл: „Дознав неверојатни работи за неа“(фото)

Принцот Хари не е единствениот кој објавува книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува Даили Меел.

Бауер рече дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен.

„Дознав информации за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за Маркл или ќе се потврди или ќе се влоши, но во секој случај ќе биде големо изненадување“, изјавил Том.

Нему му било тешко да добие информации, вели тој, бидејќи луѓето прилично не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се што можеле за да го саботираат пишувањето на книгата.

“Тоа е одлична приказна. Тоа е неверојатна приказна за една жена која од нигде се појавува, а сега е светска личност и гази  сè на патот, што е карактеристика на многу политичари и тајкуни”, додава Бауер, кој веќе има доста напишани неовластени биографии на медиумскиот тајкун Роберт Максвел, претприемачот Мохамед Ал-Фајед, Ричард Бренсон и политичарот Џереми Корбин.


За ова кралскиот експерт Нил Шон вели дека Меган е загрижена за објавувањето на книгата.

Според информациите од блиски извори, Меган е загрижена дека оваа книга може да и го наруши имиџот. Таа е загрижена за тоа кој разговарал со Бауер и се прашува, како што истакна нејзиниот тим, колку всушност се точни овие тврдења. „Во секој случај, многу повеќе луѓе веруваат дека ќе ја дознаат вистината од неговата книга отколку од мемоарите на принцот Хари“ – рече Шон.

фото:Принтскрин/Инстаграм/sussexroyal/meghanmarkle_official

Останати вести од Радио Милева