Радио Милева
сакал и постари од него

Британската ТВ ѕвезда откри детали од романсата со принцот Хари додека во тоа време тој бил во врска

Британската ТВ ѕвезда откри детали од романсата со принцот Хари додека во тоа време тој бил во врска

Принцот Хари најави дека ќе пишува мемоари во кои ќе ги спомене и своите поранешни девојки, а со тоа инспирираше една од нив предвреме да сподели детали од нивната романса.

Станува збот за поранешната британска ТВ ѕвезда Кетрин Омани која ги сподели спомените романсата со принцот, пренесува Мирор.

Кетрин Омани (51) призна дека принцот Хари „ѝ го подарил најстрасниот бакнеж во животот“. Според Омани, таа го запознала војводата од Сасекс во мај 2006 година, кога тој официјално бил во врска со Челзи Дејви. Во моментот на нивната средба, Хари имал 21 година, а Омани 34. Жената додава дека „аферата“ со најмладиот син на сегашниот крал на Велика Британија траела еден месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Ommanney (@catommanney)

Омани рече дека решила да ги сподели своите спомени кога дознала дека принцот Хари ќе пишува за неговите поранешни девојки во неговите претстојни мемоари.

„Се сомневам дека ќе бидам во книгата на Хари бидејќи принцот не може да побегне со 34-годишна мајка на две деца, тоа едноставно не е прифатливо“, им рече Омани на новинарите.

Кетрин Омани, која своевремено глумеше во американското реално шоу The Real Housewives of Washington, ја нарече аферата со принцот „времето на мојот живот“, но призна дека не сакала вистинска врска, бидејќи тој е многу помлад од неа.

Останати вести од Радио Милева