Радио Милева
подарок

Бресквица доби автомобил од нејзиното момче, а оваа „бесна машина“ со години е нејзин сон (фото)

Бресквица доби автомобил од нејзиното момче, а оваа „бесна машина“ со години е нејзин сон (фото)

Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица им се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи со подарокот што го добила од нејзиното момче Никола Станисављевиќ.

Имено, Бресквица на својот Инстаграм профил сподели фотографија од автомобилот кој го добила од своето момче, а потоа открила дека оваа „бесна машина“ со години и била сон.

-Од денеска и официјално почнувам да работам на новиот автомобил.. Ова е автомобилот кој отсекогаш сакав да го имам и мојот „сопруг“ реши да ме изненади – напиша Бресквица и додаде:

– Бидејќи ова многу го сакам, решив  да споделам со вас што сè правам кога се во прашање автомобилите.

Пејачката тогаш изјавила дека ќе го префарба автомобилот и ќе го уреди по нејзин вкус.

Анџела неодамна откри дека не сака да го експонира своето момче во јавноста, бидејќи тој не е некој што се занимава со јавни работи и ги почитува неговите желби.

Многу брзо по објавата со автомобилот, таа го покажа и изненадувањето што му го приреди на момчето по повод еден месец заедно, во вид на посебна декорација во станот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/brrrreskvica

Останати вести од Радио Милева