Радио Милева
топ модел

Братучетката на убиената пејачка Јелена Марјановиќ е манекенка и вистинска убавица: Бојана е српската Синди Крафорд?! (ФОТО)

Братучетката на убиената пејачка Јелена Марјановиќ е манекенка и вистинска убавица: Бојана е српската Синди Крафорд?!  (ФОТО)

Манекенката Бојана Крсмановиќ која полека го освојува светот, важи за една од најубавите и најатрактивни жени на денешницата. Родена е во Белград, пораснала во Крњача, а малкумина знаат дека оваа убавица е сестра на убиената пејачка Јелена Марјановиќ (моминско Крсмановиќ).

Бојана се занимава со манекенство од 14 -годишна возраст. Откако најпрвин го освои европскиот пазар,  потоа продолжи да ја гради својата кариера во Америка. Освен што „хара“ освојувајќи ги светските модни писти, таа позирала за многу светски познати модни списанија и магазини, вклучувајќи го и Спортс Илустрејтед.

Убавата Бојана е братучетка од чичко на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, чие моминско презиме беше Крсмановиќ, која беше убиена на 2 април на насипот во Борча, и чие убиство се’ уште не е расветлено.

Таа го освои светот со својата убавина, шарм, елеганција и  секси облини, а на Инстаграм има 356.000 следбеници. Редовно објавува фотографии со кои докажува зошто е меѓу светските убавици.

По трагедијата што го снајде нејзиното семејство, Бојана ги предупреди сите порачувајќи од Америка да го пронајдат убиецот на нејзината сестра, но за жал, безуспешно.

Бојана има 24 години и многумина ја нарекуваат српска Синди Крафорд и заради кариерата, но и заради бемката на истото место во аголот над горната усна како и познатиот светски топ модел, на кој помалку физички и самата наликува.

Фото: Инстаграм принтскрин/bojana

 

Останати вести од Радио Милева