Радио Милева
Спомен стар 36 години

Близнаците од „Некст Тајм“ сме ги виделе какви биле во детството, а сега за првпат ги гледаме како бебиња во рацете на мама Сузе (фото)

Близнаците од „Некст Тајм“ сме ги виделе какви биле во детството, а сега за првпат ги гледаме како бебиња во рацете на мама Сузе (фото)

На 17 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, голем солистички концерт ќе одржи македонскиот музички бренд – „Некст Тајм“.

Мартин и Стефан на големо се подготвуваат за овој важен и голем ден во нивниот живот и музичка кариера, па оттука не е изненадувачки што се почесто читаме или гледаме нешто за нив.

Периодов освен што се ултра активни на социјалните мрежи, близнаците се чести гости и на телевизија бидејќи имаат што да кажат и големо да најават.

Овој пат, меѓу многуте концертни најави од приказните на Инстаграм, кај гитаристот Мартин се најде и колаж фотографија од нивното детство каде се заедно со мама Сузе.

Досега многупати сме виделе фото-спомени од детството на близнаците од „Некст тајм“, но овој пат за првпат имаме прилика да ги видиме и какви биле како бебиња.

Мартин и Стефан се родени во месец септември во 1986 година, а овој спомен е стар цели 36 лета.

Браќата многу често знааат да кажат дека нивната мајка Сузана им е најголемата поддршка уште од кога започнале да се занимаваат со музика, па до денес.

Во одност на концертот, засега најавено е дека специјален гостин ќе биде низниот колега и пријател Влатко Лозаноски, но не се сомневаме дека концертот ќе биде еден голем музички спектакал за уживање со многу изненадувања

Поддржете ја македонската музика и бидете на концерт на „Некст тајм“ на 17-ти декември.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева