Радио Милева
завршил в болница

„Боже, спаси ме!“: Месец дена по венчавката сопругот на Кортни Кардашијан итно хоспитализиран

„Боже, спаси ме!“: Месец дена по венчавката сопругот на Кортни Кардашијан итно хоспитализиран

Сопругот на Кортни Кардашијан итно бил хоспитализиран, јавуваат странските медиуми. Тревис Баркер, тапанарот на бендот „Блинк-182“, со возило на брза помош бил пренесен во медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес, каде, како што пишува порталот „ТМЗ“, му била дијагностицирана панкреатитис.

Пред јавноста да дознае дека Тревис завршил во болница, фановите биле загрижени за неговата последна објава на „Твитер“.

Музичарот накратко напиша: „Боже, спаси ме“, што е наслов на песна од новиот албум на неговиот бенд. Траката, која Баркер делумно ја напиша, е за зависност од дрога, закрепнување, ментална нестабилност и слава.

фото:Getty images/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева