Радио Милева
Гранд не се откажува така лесно од него...

Босанац повеќе нема да биде во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ го моли да остане (ФОТО)

Босанац повеќе нема да биде во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ го моли да остане (ФОТО)

Оваа сезона, наводно повеќе  нема да го гледаме Драган Стојковиќ Босанац во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи неговата сопруга сметала дека е време за одмор.

Босанац наводно се премислува, особено поради времетраењето на снимањата на неделнитеизданија на шоуто од по 15 часа.

„Неговата сопруга Дуња го моли да престане да го прави тоа, конечно да се посвети на себеси и неа и да ужива малку. Тие не треба да се грижат за финансиите, бидејќи тој заработил доволно и сега може слободно да се одмори. Пред две години, Босанат имаше операција на срцето и уште тогаш лекарите му рекоа дека не смее да претерува и да се одмара што е можно повеќе“ – вели извор близок до музичарот и додава:

„Музиката што ја правел и ја прави повеќе не поминува, доаѓаат некои нови генерации и музичката насока се менува целосно. Но тој не сака да се прилагоди на модата, туку држи до квалитетот. Што се однесува до остатокот од жирито, тоа ќе остане непроменето. Саша се’ уште не бара замена за Босанац, бидејќи се надева дека ќе успее да го убеди да остане, а Ана Бекута и уште еден член на жирито најмногу му помагаат. Но, на естрадата се шпекулираше дека Босанац сака да си замине, па многу пејачи веќе му се понудија на Поповиќ. Има вистински sвезди, но и помали кои ветуваат дека ќе направат невидено шоу“ – тврди изворот. Што ќе биде од сето тоа, останува наскоро да видиме!?

Фото: Инстаграм принтскрин/zvezdegranda

Останати вести од Радио Милева